More

    Објавени фотографии од двајца инспектори кои имале оргии во станицата

    spot_img

    Во просториите на которската полиција на 30 јули 2020 година двајца полициски инспектори организирале оргии со две жени, а потоа за тоа го известувале и поранешниот полицаец на Полициската управа Љуба Миловиќ, кој е обвинет дека бил на врвот на озлогласениот кавачки клан, пишува црногорскиот портал Борба.

    Порталот дошол до експлицитни фотографии што се дел од досие што Европол го доставил до надлежните органи за прислушуваните пораки. Како што може да се заклучи од пораките, полициските службеници ги привеле жените и потоа имале сексуални активности со нив.

    На фотографиите од полициската станица што ги објави Борба се гледа како полицајци ги допираат жените, се бакнуваат со нив и имаат сексуални активности со една од жените.

    Една од двете жени од овие фотографии била во центарот на аферата една година претходно кога осудениот Ѓ.П. кој ја издржува казната во Специјалната болница за психијатрија во Котор, објави фотографија на која е во болничка соба со едно голо и друго делумно голо женско лице, кое е облечено во униформа на здравствен работник.

    Порталот објави и пораки што наводно се и доказ во случајот и кои еден од инспекторите му ги испратил на претходно споменатиот Љуба Миловиќ. „Шоу со неа во канцеларија“, „Е види ја што прави во полициска станица“, пишува во пораките во кои наводно полицајците се фалат со „жешката акција“ во станицата.

    „Браво, брате мој“, гласел одговорот од другиот крај.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img