More

    Објавена преписка на Вагнер со рускиот министер за одбрана

    spot_img

    Украинската војска планира офанзива со цел да ги отсече силите на Вагнер од најголемиот дел од руските војници во источна Украина – тврди шефот на руската платеничка војска Евгениј Пригожин во писмо до министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

    Во писмото објавено од неговата канцеларија за медиуми, Пригожин рече вели „напад од големи размери“ е планиран за крајот на март или почетокот на април.

    „Ве молам да ги преземете сите неопходни мерки за да спречите отсекување на групата Вагнер од главните сили на руската армија, што ќе доведе до негативни последици за специјалната воена операција“, пишува Пригожин, користејќи го терминот што Москва го користи за војната во Украина.

    Ова е прв пат Пригожин да објави ваква кореспонденција со министерот за одбрана, кого често го критикуваше за водењето на војната. Необичниот потег има две можни цели: да ги измами украинските команданти, но и да се обиде да ја префрли вината на Шојгу, доколку наводниот украински напад се покаже како успешен.

    Пригожин рече дека дава детали за украинскиот план и свој предлог за негово спротивставување во прилог на писмото, кое тој не го објави. Тој не кажа од каде знае за намерите на Украина.

    Во одделни коментари објавени од регионален канал за вести на Телеграм, Пригожин рече дека постои „голема веројатност“ рускиот град Белгород да биде една од целите на претстојната украинска офанзива.

    Пригожин додава дека силите на Вагнер во моментов контролираат 70 отсто од украинскиот град Бахмут, кој се обидуваат да го освојат од минатото лето во најдолгата и најкрвавата битка од почетокот на војната. Во времето на големата украинска контраофанзива во која беше ослободена областа околу Харков, овој град, познат и како „мелница за месо“, беше познат како единственото место на бојното поле каде Русите напредуваа. Потоа се зборуваше за можен пад на градот. Повеќе од половина година подоцна, Бахмут сè уште не паднал. За тоа имаше гласини во последните недели, но сепак ништо конкретно не се случи. Всушност, може да се каже дека шпекулациите за тоа сега паднаа во заборав.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img