Објавена е листата со членови на работните групи за уставните измени

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерството за правда денеска ги објави сите предлози од парламентарните политички партии за членови ви работните групи за уставни измени.

„Пристигнати предлози од политички партии: Цветанка Иванова-СДСМ, Арбр Адеми-ДУИ, Ремзи Мехмеди-Алијанса на Албанците, Соња Мираковска-НСДП, Нано Ружин-ЛДП, Христа Најданов-ДОМ, Темелко Ристески-Партија на пензионери, Раметула Куќи-ДПА, Еран Куртиш-Партија за движење на Турците, Бејџан Илјас-Демократска партија на Турците. Пристигнати предлози од институции: Александар Спасов-Кабинет на претседател на Република Северна Македонија, Драган Тилев-Секретаријат за европски прашања, Шпенд Садики-Министерство за надворешни работи. Експертите кои ќе бидат дел од работната група за подготовка на уставните измени ќе се соопштат до крајот на неделава. Ве информираме дека ова работно тело е формирано од Министерството за правда кое е задолжено од Владата да ја подготви предлог-иницијативата за потребата од уставни измени. Владата е предлагач на уставните измени. Откако ќе се подготват измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието. Паралелно ќе се одржуваат и стручни јавни расправи на кои експерти, партии, граѓански организации и други институции ќе може да ги кажат своите ставови“, информираше Министерството за правда.

Share This Article