More

    Објавен е извештајот од вонредниот инспекциски надзор за голготата на 25-годишното момче од Берово со болка во забот

    spot_img

    Државниот санитарен и здравствен инспекторат по допрен глас за починат пациент од Берово после хируршка интервенција на заб, изврши вонреден инспекциски надзор во сите здравствени установи каде се јавил на преглед во врска со здавствената состојба која завршила со смртен исход.

    Најпрво, 25-годишното момче од Берово со болка во забот се јавило кај својот матичен стоматолог, наведено е во соопштението на ДСЗИ.

    „Од увид во индивидуалниот стоматолошки картон е утврдено дека од 10.08.2022 година д-р. Слободан Рушковски од ПЗУ Д-р.Рушковски-ординација по општа стоматологија во Берово е матичен стоматолог на пациентот Ј.Д., кога за прв пат е извршен стоматолошки преглед при што е утврдено присуство на огромен оток на десна страна без можност да се изврши орален преглед поради болка и присутен тризмус (вкочанетост на долната вилица). Веднаш е креиран спец. упат до спец. по орална хирургија при ПЗУ Д-р.Чавков – Д-р.Бајрактаров орална специјалистичка ординација по орална хирургија во Струмица во Мој термин за 09.30 часот на 11.8.2022 год. Од увидот во здравствената евиденција и електронскиот систем е констатирано дека упатот не е реализиран, односно пациентот не се јавил на преглед. Препишана антибиотска терапија од страна на матичниот стоматолог. На 13.08.2022 година, пациентот Ј.Д. во 22.30 часот (сабота) поради болка и оток повторно се јавил на преглед при што како итен случај повторно е упатен до специјалист, но овој пат специјалист максилофацијален хирург при ЈЗУ КБ Штип. Истиот ден, на 10.08.2022г. по препорака на матичниот стоматолог пациентот се јавил кај матичниот лекар Д-р.Ванчо Ременски при ПЗУ Поликлиника Биомедика при што од извршениот преглед било констатирано оток и болка во десна букална и субмандибуларна регија, при што од страна на матичниот лекар е ординира друг антибиотик и останата супортивна терапија. На ден 13.08.2022год пациентот Ј. Д. дошол на контролен преглед при што е констатирано и понатаму присуство на оток и болка, назначено да продолжи со препорачаната терапија. На 19.08.2022г.во индивидуалниот картон е заведен извештај (прилог кон отпусно писмо) од ЈЗУ КБ Штип-Максилофацијална хирургија од Д-р.Владимир Милошев со назначена терапија“, наведено е во извештајот на ДСЗИ.

    Од увид во амбулантскиот дневник на Итна медицинска помош Берово на 21.08.2022г. во вечерните часови (не е прецизиран часот) заведен е преглед на пациентот Ј. Д кој побарал здравствена помош поради општа лоша состојба со постоечка инцизиона рана со дрен, извршена е тоалета и преврска на раната, ординирана амп.Диазепам и.м, дадена оксигена терапија (кислород), препорачано земање на табл.Парацетамол за дома, со напомена ако е потребно веднаш да се јави повторно на преглед на ИМП.

    „На 22.08.2022г. во 02.30 часот пациентот Ј.Д. со придружба од семејството повторно дошол во ИТМ-Берово каде поради влошена општа состојба му е ординирана терапија физиолошки р-р 500мл и амп.Новалгетол 5 мл (и.м) и со возило на ИМП-Берово во придружба на мед.сестра е транспортиран до ЈЗУ КБ-Штип каде веднаш е примен. Пациентот Ј.Д прв пат се јавил на преглед во ЈЗУ КБ Штип на ден 13.08.2022g. во дежурна ургентна амбуланта каде дежурниот доктор д-р.Владимир Милошев специјалист максилофацијален хирург извршил преглед. Ординирана терапија, направена РТГ на глава и запис за прием на болничко лекување. По приемот на хирушко одделение со максилофацијална хирургија извршена е екстракција на забот и киретажа, но бидејќи не е воспоставено спонтано дренирање извршена е екстраорална длабока инцизија со поставување на лашва за пасивна дренажа“, се вели во извештајот.

    ДСЗИ наведува дека пациентот е задржан на болничко лекување до 19.08. 2022 год. од каде по подобрување на општата и локална здравствена состојба, по извршена контрола на медијастинумот со цел утврдување на дистално ширење на инфекцијата направен е контролен Ртг на бели дробови и добиен уреден наод, направени се контролни лабараториски испитувања, со препорачана терапија е испишан на домашно лекување. Закажана била контрола за 2 дена односно за 21.08.2022 година.

    „На 21.08.2022 г. пациентот се јавил на контрола во ЈЗУ КБ-Штип каде е извршена преврска на инцизионата рана и повторно му е закажана контрола за 23.08.2022г. На 22.08.2022г. во 04.40 часот поради влошена состојба (обилно крварење од инцизионата ектраорална рана, фебрилен, со отежнато дишење и намалена сатурација) со возило на итна медицинска помош од Берово е донесен во ЈЗУ КБ-Штип. По пристигнување во ЈЗУ КБ-Штип пациентот Ј. Д. веднаш е спроведен во операциона сала, извршена е интубација и со општа анестезија пристапено е кон оперативна интервенција (подлабоко отварање на инцизионата рана. Истовремено се земени се два бриса – не се најдени патогени бактерии според лабораторискот извештај додека резултатот од хемокултурата за време на инспекцискиот надзор сѐ уште е во тек. Истовремено телефонски е побарана консулатација со професор д-р.Даница Поповиќ спец.максиолофацијален хирург од ЈЗУ УК-Максилофацијална хирургија во Скопје, која лично пристигнала во 08.30 часот на 23.08.2022г и дала насоки пациентот да не се транспортира во таква состојба во Скопје туку во наредните 24 часа да биде следена неговата состојба на одделението за интензивна нега со реанимација во ЈЗУ КБ-Штип“, наведува ДСЗИ во извештајот.

    На 23.08.2022г. поради влошување на здравствената состојба на пациентот Ј. Д., со болничко возило и во придружба на специјализант доктор по анестезија и главна мед.сестра на анестезија е пренесен на ЈЗУ УК-Карил во Скопје.

    „Пациентот е примен на ден 23.08.2022 год по претходно креиран упат од страна на др Владимир Милошев од ЈЗУ КБ Штип за понатамошно лекување. Пациентот е примен во крајно тешка состојба со знаци за септичен шок. Веднаш се преземени сите мерки за интензивно лекување, мониторинг, иследувања и терапија. Пациентот доаѓа со веќе извршена дијагностичко иследување КТ на белодробие после кое заради итноста на ситуацијата е повикан торакален хирург кој по преглед на компјутерскиот наод поставува торакален дрен. И покрај сите преземени мерки согласно протокол кај пациентот настапува смрт на ден 24.08.2022 год“, наведено е во извештајот на ДСЗИ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img