Пејачката и актерка Селена Гомез објави фотографии со своето момче, продуцентот и текстописец Бени Бланко, а тоа го „запали“ интернетот.
„Мојот најдобар пријател“, напиша таа на четирите фотографии со Бени. Објавата доби повеќе од десет милиони лајкови за само 19 часа, а фановите се пресреќни поради Селена.
„Прекрасни сте заедно“, „Многу сум среќна за тебе“, „Мојот омилен пар“, „Мило ми е што си среќна, го заслужуваш целиот свет“, се само некои од илјадниците коментари.
Селена ја потврди врската со продуцентот на крајот на минатата година, кога откри дека се гледаат шест месеци. Таа потоа рече дека тој е „најдоброто нешто што ѝ се случило“.
„Тој е сè уште подобар од кој било со кого сум била. Двајцата работеа заедно на „I Can’t Get Enough“ од 2021 година и оттогаш се блиски.
Некои хејтери напишаа дека Бени не е доволно добар за Селена и дека не се задоволни од нејзиниот избор, а таа ги скрши сите. “Ах душо, од 18 години сум на терапија. Знам што е најдобро за мене и ќе се борам додека не го добијам заслуженото. Го ценам твоето погрешно мислење, но растем”, напишала таа неодамна.
ФОТО: Инстаграм