Поради обилните врнежи и невремето што во понеделникот ја зафатија Шпанија, во прекин е железничкиот транспорт на „медитеранскиот коридор“ меѓу Мадрид, Валенсија, Аликанте и Барселона.
Централниот и југоисточниот дел на земјата во неделата ги зафати невреме, па многу патишта беа затворени, дрвја паднаа, а куќите на некои жители беа поплавени.
Жителите на Мадрид и околината добиле порака на мобилните телефони со предупредување да не излегуваат од домовите, но невремето таму поминало без сериозни последици. „Затоа цел ден го поминав затворена во куќата гледајќи филмови“, вели 30-годишната Патриша. „Сепак, невремето не беше толку силно“, додаде таа.
Пожарникарите во Мадрид имале 726 интервенции.
Поради огромната количина на вода и кал на шините, возовите од главниот град кон западната провинција Екстремадура и јужна Андалузија привремено запреа во неделата. Возовите од Мадрид до Андалузија се уште не сообраќаат поради последиците од невремето во градот Толедо.
Шпанската метеоролошка служба извести дека дождот треба да ослабне во текот на понеделник. Во Мадрид од осум часот наутро дождот повремено престанува.
Земјата е под невообичаено силен напад од дожд и ветер, една недела по неподносливите горештини и пожари.