Обид за грабеж на чанти во „Валентино“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Луксузната продавница „Валентино“ во Париз, е уништена со автомобил којшто се забил во неа во обид за грабеж. Притоа, 24-годишниот осомничениот е уапсен откако се обидел да побегне скокајќи во реката Сена, јави дописникот на МИА.

Откако биле искршени влезните врати, крадецот украл луксузни чанти и побегнал скокајќи во Сена, по што бил изваден од речната бригада и приведен.

Штетата е прилично голема. Упадот во продавницата „Валентино“ – италијанска модна куќа која се наоѓа на „Сен Оноре“ – една од најзнаменитите улици во француската престолнина, се случил вчера, малку пред два часот по полноќ.

Повеќе луксузни продавници се наоѓаат на улицата „Сен Оноре“. Како што потврдува и чуварот на оштетената продавница, „ова не е првпат“ ова да се случува со тоа луксузно место.

Пред три месеци, на оддаленост од неколку стотини метри, и златарница на „Шанел“ била цел на вооружен грабеж. Штетата изнесувала нешто повеќе од два милиони евра.

Share This Article