More

    Обединетите нации бараат од Русија да обезбеди веродостојна истрага за смртта на Навални

    spot_img

    Канцеларијата за човекови права на ОН ги повика руските власти да обезбедат спроведување веродостојна истрага за смртта во затвор на опозицискиот лидер Алексеј Навални.

    Портпаролката на канцеларијата, Лиз Тросел, рече дека ако некој умре во државен затвор, се претпоставува дека државата е одговорна, објави лондонскиот весник Гардијан.

    – Таа одговорност може да се побие само преку непристрасна, темелна и транспарентна истрага спроведена од независно тело. Ги повикуваме руските власти да обезбедат спроведување на таква веродостојна истрага – изјави Тросел.

    Рускиот истражен комитет веќе објави дека покренал истрага за смртта на Навални.

    Тросел ги повика руските власти да прекинат со прогонот на политичари, бранители на човекови права, новинари…

    – Сите приведени или осудени на затворски казни во врска со легитимното остварување на нивните права, вклучително и правото на слобода на мирно собирање и слобода на говор, треба веднаш да бидат ослободени и сите обвиненија против нив да бидат отфрлени – рече Тросел.

    Американската влада ја оквалификува смртта на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални како страшна трагедија што покренува многу прашања.

    Зборувајќи за радиото Ен-пи-ар, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден, Џејк Саливан, истакна дека американската влада сè уште не добила потврда за неговата смрт, па затоа засега се воздржува да коментира.

    – Со оглед на долгата и нечесна историја на руската влада да им нанесува штета на своите противници, тоа покренува реални и очигледни прашања за тоа што се случило – изјави Саливан.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img