Србите имаат кошаркашка бронза на Олимписките игри во Париз, а ние имаме златна песна за прослава на спортски успеси.
Ечеше „Македонско девојче“ во центарот на Париз од грлата на српските кошаркари. Никола Јокиќ и дружината прославуваа во едно кафуле во Париз, каде што изнајмиле и пејач на народни песни да ги забавува.
Во еден момент, селекторот Пешиќ го зеде микрофонот, ја прекина парадата на српски хитови и ја запеа „Македонско девојче“. Никола Јокиќ се качи на столче и заедно со останатите кошаркари, сите пееја „нема, нема, не ќе се роди…“
Оваа песна е неофицијална химна на женските репрезентации на Македонија. Први ја испеаја нашите ракометарки, кои на Светското првенство во Германија во 1997година го освоија седмото место.