More

    О’Брајан не знае ништо за некаков нон-пејпр

    spot_img

    Очекуваме Планот за раст на Западен Балкан да придонесе за забрзана интеграција на Република Северна Македонија кон Европската Унија, со цел постигнување на посакуваниот економски развој и на европски стандарди на живот – нагласија на заедничка прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски и помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД Џејмс О’Брајaн по Лидерскиот состанок што се одржа во Скопје, посветен на Планот за раст на Западен Балкан, усвоен од Европската комисија.

    – Важно е за граѓаните да чујат дека имаме конкретен план како да ги зајакнеме нашите економии, да го подобриме животниот стандард на граѓаните, да обезбедиме стабилен и развиен регион. Важно е да чујат дека имаме конкретна поддршка на европскиот пат. Планот за раст е досега најсериозната политичка потврда од Европската Унија дека тие имаат конкретен план за ефикасна европска интеграција на Западен Балкан. Со неговата реализацијата којашто зависи и од ЕУ но пред сè од нас, земјите од Западен Балкан, бруто-домашниот производ по глава на жител треба да се удвои – рече премиерот Ковачевски.

    Помошникот државен секретар О’Брајaн рече дека САД очекуваат да се задоволат интересите на граѓаните на Западен Балкан и владите да имаат поблиска интеграција со Европа и испрати силна порака на поддршка – евроинтеграцискиот процес да продолжи до целосно членство во ЕУ.

    – Северна Македонија и САД ќе продолжат да работат заедно на траекторијата на земјата кон Европа. Луѓето на оваа земја ќе имаат јасен избор во претстојните месеци, помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго. Ќе зависи од граѓаните да одлучат. Од гледна точна на САД, ние сакаме да ја видиме Северна Македонија да стане дел од Европа колку што е тоа можно побрзо – порача високиот американски претставник.

    Прашан за постоењето на „нон пејпер“ на албанските политички партии, со кој тие ќе се обвразат да не коалициираат со партија што нема да се обврзе дека во следните шест месеци по изборите ќе спроведе уставни измени, О’Брајaн рече дека не знае ништо за тоа.

    – Останувам на тоа што го кажав во ноември, а и тоа што го кажав денеска. Сметаме дека зависи од граѓаните на Северна Македонија да решаваат за патот понатаму. Сметам дека една партија предлага пат напред и прифаќа критики затоа што на некои луѓе им се допаѓа или не им се допаѓа таа насока. Друга партија ветува дека ќе смисли начин со којшто ќе се придвижат напред и мислам дека е правично граѓаните на државата да ја прашат таа партија за овој нон-пејпер и тие да одлучат помеѓу визијата што ја знаат и помеѓу она што се дава како ветување – изјави О’Брајaн.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img