NYT: Еднодневните немири го покажаа Путин во најлошото можно светло

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
FILE PHOTO: Russian President Vladimir Putin and Chief of the General Staff of Russian Armed Forces Valery Gerasimov attend an annual meeting of the Defence Ministry Board in Moscow, Russia, December 21, 2022. Sputnik/Mikhail Kuravlev/Kremlin via REUTERS ATTENTION EDITORS - THIS IMAGE WAS PROVIDED BY A THIRD PARTY./File Photo
- Advertisement -
Ad image

Сè уште се анализираат последиците од обидот за државен удар што Евгениј Пригожин го изврши во Русија, а кој рускиот претседател Владимир Путин успеа да го потисне со помош на неговиот белоруски пријател Александар Лукашенко.

Како што пишува Михаил Зигар, руски новинар и автор на книгата „Војна и казна: Путин, Зеленски и патот до руската инвазија на Украина“ за Њујорк Тајмс, Путин повеќе ја нема контролата што ја имаше пред востанието.

Како што пишува Зигар, Путин продолжува да се однесува како порано и верува дека тој има контрола и дека бунтот воопшто не ја променил политичката ситуација во Русија. Но, рускиот претседател греши.

Самиот Путин е виновен
Не само што атмосферата околу Путин е значително различна, туку има и растечки апетит за промени – дури и кај оние блиски до претседателот. За многумина со кои Зигар разговараше, системот на владеење на Путин едноставно не може да опстане уште долго.

Самиот Путин е виновен што дозволи ситуацијата да излезе од контрола. Прво, тој го охрабри г. Пригожин, премолчено дозволувајќи му да регрутира опширно – дури и од затвор – за војната во Украина и да заземе истакната позиција на бојното поле, особено во битката за Бахмут.

Конфронтацијата меѓу Пригожин и Путин не беше строго воена. Пригожин се позиционираше како противтежа на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и на воените генерали и се погрижи тие да не станат премногу популарни.

Кога Пригжин почна да го критикува военото раководство, а тоа често го правеше експлицитно и со вулгарности, рускиот претседател не направи ништо за да го спречи тоа. Но, тоа набрзо стана проблем.

На бранот на стекната популарност, Пригожин сè повеќе го критикуваше Шојгу, а Путин не реагираше. После тоа, Пригожин почна да се однесува како да води изборна кампања – се сретна со потенцијални поддржувачи и ја критикуваше воената кампања. Извори блиски до Путин велат дека тој не се сретнал со Пригожин со месеци.

Путин лесно можеше да го спречи бунтот
Овој молк беше клучен. На почетокот на јуни, кога Шојгу се обиде да се справи со приватните армии, принудувајќи ги да потпишат договори со руската армија, Пригожин не можеше да стапи во контакт со Путин за да протестира. На јазикот на руската бирократија, тоа означува највисок степен на немилост.

- Advertisement -
Ad image

Извор близок до претседателот му рекол на Зигар дека Путин би можел лесно да го спречи бунтот ако само разговарал со Пригожин или барем наложел некој од администрацијата да го стори тоа. Наместо тоа, без пристап до Кремљ и стравувајќи од губење на својата автономија, Пригожин започна востание.

Но и тоа ненадејно заврши. За Пригожин ова го означува крајот на неговата политичка и воена кариера. Да почекаше уште малку, можеби работите ќе беа поинакви. Наместо тоа, по договорот постигнат со посредство на Лукашенко, шефот на Вагнер беше испратен во Белорусија. Наводно, планот е егзил во Централноафриканската Република, каде што групата на Вагнер има воена база.

Следува чистка
Ситуацијата е подеднакво сериозна и за самиот Путин, а ќе треба долго време да се измие сеќавањето на бунтот. Треба да се очекува чистка, почнувајќи од генералот Сергеј Суровикин, поранешен командант на руските сили во Украина, кој наводно однапред знаел за бунтот.

- Advertisement -
Ad image

Но, штетата е веќе направена. Бунтот го десакрализира г-дин Путин, значително ослабувајќи го неговиот авторитет. Пред овој викенд, голем дел од руското општество, а особено државните бирократи, веруваа дека тој секогаш носи правилни одлуки, дека е многу полукав, помудар и подобро информиран од кој било друг.

Но, настаните од минатиот викенд во Русија го покажаа Путин во најлошото можно светло: слаб, колеблив, неспособен за контрола. Само тој е виновен за тоа што се случи, што на сите им е јасно освен на него, пишува Зигар за NYT и додава дека е време Русите да почнат да се подготвуваат за она што следува по Путин.

Share This Article