More

    Нутела, Икеа, Тор… Какви имиња е забрането да се даваат на децата во некои земји?

    spot_img

    Во последните години можевме да слушнеме навистина чудни имиња за деца, а некои се толку бизарни што се забранети.

    На пример, еден пар во Франција сакал да го именува своето дете Нутела, но судијата не им дозволил да го сторат тоа. Одлуката нема врска со авторски права, туку, како што појасни, името на детето би станало предмет на потсмев. На крајот родителите на детето му дале име Ела, пренесува zadovoljna.rs.

    Во Франција е забрането и името Fraise, што значи јагода, бидејќи може погрешно да се протолкува како жаргонски збор за gu * ica. И овој случај заврши на суд, па родителите по негативен одговор и дадоа име на ќерката Фрејзине.

    Трет пар во Франција се обидел на детето да му го дадат името Принц Вилијам, но и тоа паднало во вода за да не му се потсмеваат на детето.

    Португалија е уште една земја која има строги правила кога се во прашање имињата. На пример, прекарите не можат да бидат официјални имиња. Родителите кои сакаат да го именуваат своето дете Том ќе треба да го изберат Томас.

    Во оваа земја се забранети и имиња кои не се португалски, а Тор, Нирвана и Париз се само неколку на листата од 82 забранети имиња.

    Брачен пар од Шведска се обидел да го нарече своето дете „Brfxxccxxmnpcccclllmmnprxvclmnckssqlbb11116“, во знак на протест поради казната што ја добиле затоа што не го пријавиле името на своето дете до петтиот роденден. При поднесувањето на барањето во 1991 година рекоа дека името се изговара Албин, но не добија зелено светло.

    Друг шведски пар сакал детето да го нарече Икеа, но не успеале бидејќи е забрането да се користат имиња на компании.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img