Бх. Репрезентативецот Јусуф Нуркиќ и официјално беше претставен во дресот на Феникс Санс.
На средбата со новинарите тој го искажа своето мислење за распространетоста на оружјето во САД.
„Сè уште не знам зошто сите имаат толку многу пиштоли. До денес не можам да го разберам, мислам дека децата треба да бидат побезбедни во нашите училишта. Дури и ако видите лажни пиштоли, што и да се случува на социјалните мрежи и децата ги имаат во училиштата, мислам дека тоа е многу лошо. Понекогаш не можете да контролирате одредени работи на сите платформи за социјални медиуми што ги имаме“, рече Нуркиќ и додаде:
„Подобар свет дефинитивно ќе биде оној без пушки бидејќи сите овие војни ширум светот не се добри за никого, особено за луѓето кои минуваат низ него и ги губат своите животи без причина. Војната не носи ништо друго освен тага и кршење на срцето“.
Нуркиќ до ова лето настапуваше за Портланд Трејл Блејзерс. Пред тоа, тој играше за Чикаго Булс, кој го избра на драфтот во 2014 година, а подоцна го трејдуваше во Денвер Нагетс.
Популарниот босански ѕвер одигра вкупно 463 натпревари во НБА.