Нуредини вели дека грижата за животната средина нема да биде заоставена

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Владата никогаш не ја заостави животната средина и стандардите кои се предвидени. Имаме заштитени зони и успешно менаџираме со нив, го имплементираме Законот за отпад, а веќе правиме и закон за водите и за индустриските зони. Никогаш не сме заборавиле на тој аспект, рече министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната прес-конференција, одговарајќи на прашање зошто е намален фокусот кон екологијата додека трае енергетската криза.

Министерот потсети дека ќе се задолжат 55 милиони евра за инвестиции во инфрастрктурата за отпад во нашата земја, а истовремено, како што информира, се пред завршување со законот за инвестиции во општините за канализација и за водовод.

– Што се однесува до суровините кои ги спомнавте, тие станици треба да продолжат да работат според стандардите кои се предвидени. Сите сме свесни дека енергетската криза се случува насекаде во светот – рече Нуредини одговарајќи на прашање како ќе се избегне загадувањето на воздухот доколку главните загадувачи се вратат поради кризата.

Тој ги повика и граѓаните и институциите да се грижат за заштедата на електричната енергија.

– Веќе имаме закон за квалитетот на возухот во нашата земја и локалниот инспекторат треба да соработува со државната инспекција за тие што загадуваат. Подобро ќе биде да се греат со електрична енергија отколку со други начини на греење. Треба да тргнеме прво од себе си да не загадуваме – заклучи Нуредини.

Share This Article