Нумбео објави нов индекс на стандардот за живеење

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Врз основа на средногодишниот индекс на Numbeo, којшто важи за најголемата светска база за податоци за животните трошоци, како и за квалитетот на животот, Тирана и Белград се двете најскапи престолнини во регионот.

Белград има индекс од 38,8 проценти а Тирана 38,37, најевтина во регионот е Приштина, со индекс од 26,3 отсто од трошоците за живот во Њујорк, а потоа следат Скопје, Подгорица и Сараево. Индексот на трошоците на животот е релативен показател за цените на стоките за широка потрошувачка, вклучувајќи намирници, ресторани, превоз и комунални услуги со што не ги вклучува трошоците за сместување како кирија или хипотека, изјавија од Ора њуз.

Numbeo го измерил и индексот на кирии, што е процена на цените на становите за изнајмување во градот во споредба со Њујорк, каде повторно Белград и Тирана имаат највисок индекс.

Во индексот на ресторани, кој повторно е споредба на цените на оброците и пијалаците во рестораните и баровите, најевтина е Приштина, додека најскап е Белград, а по него е Тирана.

Купувањето во супермаркетите е поскапо во Тирана и Подгорица, а потоа во Сараево. Поевтино е во Приштина и Подгорица. Најскапите градови во светот се наоѓаат во Швајцарија, како Базел. Најниски трошоци за живот имаат градовите во Индија, Пакистан, Шри Ланка и Колумбија.

Share This Article