Нуклеарната централа влезе во статус на ладно гаснење, пишува Sky News, додавајќи дека се слушаат повремени детонации.
Украинската нуклеарна централа Запорожје ја заврши планираната транзиција кон статус на ладно исклучување заради одржување, објави Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
МААЕ, чии експерти посетија единица во Запорожје, известува дека целата опрема се чини дека е во добра состојба. Но, при увидот во околината на локацијата, екипата потврдила дека забележале поставени мини.
Во текот на изминатите неколку дена, тимот на МААЕ слушаше повремени детонации.
Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Маријано Гроси, во многу наврати ја истакна важноста на заштитата на електраната.
– Зголемениот ризик од воена активност во околината на нуклеарната централа Запорожје може потенцијално да ја загрози нуклеарната безбедност и безбедноста на овој голем објект. Ги повикувам сите страни да се воздржат од какви било дејствија што можат да доведат до нуклеарна несреќа со можни последици за јавноста здравјето и животната средина – изјави Гроси.