More

    Нуклеарна Русија го турка светот во конечна војна

    spot_img

    Не може да му се верува на злото – рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во впечатливиот говор пред светските лидери на Генералното собрание на ОН.  Зеленски го повика светот да се обедини за да стави крај на руската агресија врз неговата земја.

    Во своето обраќање во Њујорк, Зеленски рече дека Русија, која е вооружена со нуклеарно оружје, мора да сопре „да го турка светот во конечна војна“. Тој, исто така, ја обвини Русија дека сè, од храна до енергија, претвора во оружје.

    Во говорот, кој во голема мера се фокусираше на опасноста што Русија ја претставува за светот, украинскиот претседател потенцираше дека другите заеднички предизвици, како што се климатските промени, можат соодветно да се решат само откако Москва ќе биде потисната.

    – Додека Русија го турка светот во конечна војна, Украина прави сè за да се осигура дека по рускиот напад, никој во светот нема да се осмели повторно да нападне која било нација – им рече Зеленски на светските лидери кои присуствуваа на годишното Генерално собрание.

    Тој, исто така, рече дека Русија едноставно „нема право да чува нуклеарно оружје“.

    – Вооружувањето мора да се ограничи, воените злосторства мора да се казнат, депортираните луѓе да се вратат дома, а окупаторот да се врати во својата земја.Мораме да бидеме обединети за да го постигнеме ова и ќе го постигнеме! рече Зеленски, кој ја обвини Москва за геноцид со киднапирање и депортирање на украински деца.

    За потсетување, во март Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин поради наводната нелегална депортација на украински деца во Русија. Москва постојано ги отфрли обвинувањата на Украина – но многу меѓународни експерти и организации укажуваат на зголемени докази дека Русија извршила воени злосторства во Украина.

    Украинскиот претседател ги спомна и „матните договори“ со кои се обидува да стави крај на војната, најголемата во Европа од Втората светска војна, под „нефер услови“.

    Но, неговата клучна поента беше да ја предупреди меѓународната заедница дека исходот од војната ќе влијае на сите. Целта на Русија, рече тој, е да ја претвори Украина во „оружје против вас, против меѓународниот поредок заснован на правила“.

    – Мировната формула шти е зацртана со месеци не е само за Украина, туку и за остатокот од светот – рече Зеленски пред Генералното собрание на ОН.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img