Њујорк усвои закон со којшто се забранува дискриминација врз основа на тежина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Градот Њујорк усвои закон со којшто се забранува дискриминација врз основа на тежина. Градските советници кои го поддржаа Законот, сметаат дека луѓето со вишок килограми имаат тешкотии во рестораните и театрите… Се истакнува дека тие лица се дискриминирани и при доделувањето велосипеди од градските власти.

Од друга страна, лидерот на опозицијата во Градското собрание на Њујорк Џозеф Борели изјави дека е загрижен оти Законот можеби ќе доведе до тоа њујорчани да тужат секого за сè.
– Имам прекумерна тежина, но не сум жртва. Никој не треба да се чувствува лошо за мене освен копчињава од кошулата – изјави Борели за „Њујорк тајмс“.

Во САД, повеќе од 40 отсто од возрасните граѓани се дебели, а испитувањата покажуваат дека дискриминацијата е сеприсутна.

Share This Article