Њујорк тајмс повикувајќи се на американски разузнавачи објави дека Русија купува „милиони парчиња артилериска муниција од Северна Кореја“, што е доказ дека почнале да дејствуваат санкциите и дека се намалува способноста на Москва за инвазијата врз Украина. Според текстот, ова треба да надомести за фактот што Русија мачи мака да мобилизира нови војници.
Весникот наведува дека неодамна декласифицираните податоци покажуваат дека Русија од Северна Кореја купила артилериски гранати и ракети.
Американски функционер рече дека новиот договор со Северна Кореја го покажува очајот во Москва. Г-дин Каган изјавил дека свртувањето кон Северна Кореја е знак дека Русија навидум не е во состојба да го произведе наједноставниот материјал потребен за водење војна. Се наведува и дека „нема ништо од висока технологија во стоката купена од Северна Кореја“.
– Единствената причина зошто Кремљ треба да мора да купува артилериски гранати или ракети од Северна Кореја или од кој било е затоа што Путин не сакал или не можел да ја мобилизира руската економија за војна дури и на најосновното ниво – вели тој.
Минатиот месец неименуван американски претставник изјави дека руските дронови од иранско производство претрпеле „бројни дефекти“ во Украина и оти Москва најверојатно планира да набави стотина беспилотни летала (УАВ) од серијата Мохајер-6 и Шахед.
Западните санкции ја ограничуваат Русија да ги замени уништените возила и оружје во Украина.
Украина неодамна почна контраофанзива на неколку локации, вклучувајќи ја и областа Херсон, што руските сили ја окупираа на почетокот на инвазијата. Како подготовка за овие напади, украинските сили ги нападнаа руските области за снабдување, вклучително и складишта за муниција.
Британското воено разузнавање во најновиот извештај за војната во Украина наведува дека украинската армија во текот на викендот продолжила со противнапади во окупираниот регион Херсон,
На западниот брег на реката Дњепар вчера биле забележани руски воени дронови 27 пати, што е пад во однос на просечните 50 пати, колку дневно беа регистрирани во август.
Украинските сили на 21 август соопштија дека собориле три руски дронови Орлан-10.
Поради загубите на беспилотни летала во борбите, Русија најверојатно ќе има проблеми со одржувањето на резервите на воени беспилотни летала, што дополнително е отежнато од недостатокот на компоненти поради меѓународните санкции. Ограничената достапност на извидувачки дронови веројатно ја намалува тактичката предност на руските команданти и ги попречува руските воени операции, се посочува во извештајот.
Руската воена доктрина изминатите години се повеќе се потпира на употребата на беспилотни летала, посебно за лоцирање на мети и наведување на артилериските напади.
Британските воени разузнавачи истакнуваат дека дроновите се ранливи на директен оган, но и на електронско попречување.