More

    „Њујорк Тајмс“ открива шокантни детаљи за нападот со дрон врз Кремљ

    spot_img

    Американските разузнавачки агенции не знаат точно кој го извршил нападот со беспилотно летало врз Кремљ во Москва овој месец, но укажуваат дека тој би можел да биде дел од серијата тајни акции со кои управуваат тајните служби на Украина, пишува „Њујорк Тајмс“.

    Според американски претставници, цитирани од весникот, нападот со два дрона „веројатно бил организиран од една од украинските специјални воени или разузнавачки единици“.

    „Њујорк Тајмс“ пишува дека нападот е последен во серијата тајни напади врз руски цели, кои администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден ја држат во состојба на немир.

    Американските агенции донесоа прелиминарен заклучок врз основа на пресретнати комуникации во кои руските власти ја обвинуваат Украина, но и врз основа на пресретнати комуникации во кои украинските власти сметаат дека нивната земја стои зад нападот.

    Не е познато дали претседателот на Украина, Володимир Зеленски, знаел за овие акции, ниту дали неговите најблиски соработници знаат за нив.

    По инцидентот во раните утрински часови на 3 мај, кога два дрона го погодија Кремљ, предизвикувајќи само мала штета, Зеленски самоуверено изјави:

    – Ние не го нападнавме Путин. Тоа го оставаме на судот во Хаг.

    Но, изгледа дека Русите сепак биле во право кога по инцидентот изјавија дека операцијата била насочена кон резиденцијата на претседателот Владимир Путин и дека станувало збор за „планиран терористички чин“.

    Да потсетие. Во вторникот на 3 мај двата дрона паднаа на теренот на Кремљ во Москва. Русија тогаш објави дека нема жртви или материјална штета.

    Во таа прилика САД не можеа да донесат дефинитивен заклучок кој стои зад овој напад, туку само оценија дека Украина е можеби одговорна за инцидентот. Американските власти не веруваат дека високи украински функционери, како што е претседателот Володимир Зеленски, наредил или дури знаел однапред за нападот.

    Но, написот на „Њујорк Тајмс“ можеби фрла нова светлина на целиот случај. Освен тоа, Зеленски не само што негираше дека Украинците се одговорни за нападот, туку и тврдеше дека можеби станува збор за операција „лажно знаме“, односно дека Русија можеби го организирала нападот, за потоа да го искористи како оправдување за евентуална одмазда.

    Русија го задржа правото да возврати на начин, место и време по сопствен избор, но до одмазда сепак не дојде.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img