More

    Њујорк Тајмс ги анализираше снимките од нападите врз Ал-Шифа од петокот

    spot_img

    Најмалку три од проекуилите кои го погодиле комплексот на најголемата болница во Појасот Газа биле со израелска муниција, анализираат експерти за „Њујорк Тајмс“. Со други зборови, весникот тврди дека постојат докази дека израелската армија ги скршила меѓународните правила и ја гаѓала болницата, „без разлика дали нападите се намерни или случајни“.

    „Анализата на видео снимката покажува дека три проектили биле испукани во болницата од север и од југ и дека тоа е спротивно на западната траекторија којашто на мапа ја наведоа Израелските одбранбени сили врз база на нивните радари. Прегледот на сателитските снимки покажа дека ИДФ имале позиции северно и јужно од болницата рано во петокот“, се вели во статијата.

    Такви светлечки гранати користат само израелските сили

    Првиот од четирите напади го снимил Ахмед Џихази, а притоа од ударот му се скршила ногата. Тоа се случило во 1 по полноќ во петокот. Нападите траеле до 10 наутро. Директорот на Ал-Шифа, д-р Мохамед Абу Салмија, во телефонско интервју изјавил дека седум лица се убиени, а неколку други се ранети.

    Првата граната била идентификувана како израелска од страна на Марк Гарласко, поранешен висок разузнавачки аналитичар во Пентагон. Тој за „Њујорк Тајмс“ вели дека ваквата артилерија за осветлување обично се користи ноќе.

    Истото го потврдил и Ричард Стивенс, поранешен војник за уништување експлозивни убојни средства во британската армија. Тој забележал и дека немало силна експлозија по ударот на гранатата, што докажува дека таа е за расветлување.

     

     

    Опашките од гранатите се од израелска артилерија

    Нешто по 2 часот по полноќ болницата повторно била погодена, овој пат од експлозивни куршуми кои го пробиле ѕидот на петтиот кат од породилиштето. На видеото снимено веднаш потоа се гледаат ќебиња, столици и чевли расфрлани низ собата.

    „Меѓу остатоците имаше две метални перки кои г-дин Гарласко ги идентификуваше како опашки на тенковски гранати од 120 милиметри од типот што го користат само израелските сили, а не палестинските милитанти, кои немаат тенкови“, продолжува статијата.

    „Њујорк Тајмс“ утврдил дека овие гранати најверојатно биле истрелани од јужен правец кон болницата, повторно спротивно на мапата издадена од израелската војска. Д-р Абу Салмија, директор на болницата, рече дека 61-годишен маж е убиен во нападот и дека две жени биле повредени.

    Проектилот било погрешно испукан?

    До 8 часот повторно било погодено истото крило на породилиштето. Овој пат бил срушен дел од надворешниот ѕид, а внатрешноста на зградата била значително оштетена.

    Оваа експлозија, рече д-р Абу Салмија, одекнала низ болницата, убивајќи три лица кои се засолнувале внатре, а други биле повредени. Видеото снимено веднаш потоа покажува голема штета и десетици луѓе кои ја напуштаат областа.

    Неколку часа по последната експлозија, израелската војска обвини неименувани палестински милитанти, велејќи дека „погрешно испукан проектил“ насочен кон војниците на израелските одбранбени сили распоредени во близина, ја погодил болницата.

    Додека утринава пристигна веста дека израелската армија влегла во болницата користејќи и тенкови, уште во петокот илјадници луѓе ја напуштија болницата заедно со стотици вработени барајќи засолниште на југот од Газа.

    – Има мртви луѓе на улиците – изјавил вработен од хуманитарната група „Лекари без граници“ и додал:

    – Гледаме луѓе како пукаат. Можеме да видиме повредени луѓе. Ги слушаме како викаат за помош, но не можеме ништо. Премногу е опасно да се излезе надвор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img