More

    Њујорк стана најскапата метропола на светот во 2022 година, а таа  титула ја дели со Сингапур

    spot_img

    Њујорк стана најскапата метропола на светот во 2022 година, а таа  титула ја дели со Сингапур. Ова го покажуваат резултатите од светски индекс на трошоците на животот, објавен денеска од истражувачката агенција Economist Intelligence Unit (EIU).

    Во овие градови поради високата инфлација, војната во Украина и ефектите од пандемијата трошоците на  живот порасна за 8,1 отсто во 2022 година.

    Минатогодишниот лидер Тел Авив падна на трето место. На листата на петте најскапи градови следат Лос Анџелес и Хонг Конг, а меѓу првите 10 најскапи градови е и Сан Франциско.

    Според овој извештај Сиднеј се вброи во топ 10, а Москва и Санкт Петербург  се поместија на листата и го зазедоа  88 место.

    Најголем пад на листата забележаа Стокхолм и Луксембург кои сега се рангирани на  99 и 104 место.

    Дамаск во Сирија и Триполи во Либија ги задржаа своите места како најевтини градови во истражувањето.

    Истражувањето ги споредува цените на повеќе од 200 артикли и услуги во 173 градови низ светот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img