More

    НСДП во Битола одржа трибина по повод 18 години од основањето на партијата (Галерија)

    spot_img

    НСДП во Битола одржа трибина по повод 18 години од основањето на партијата и 18 години како што рекоа борба, заложби и политики за социјална правда и работнички права.

    Говорници на трибината беа членот на извршниот одбор на НСДП и директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор Зоран Ѓеоргиев, потпретседателот на партијата и директор на правниот сектор во РЕК Битола Драги Крстев,  потпретседателката и пратеничка во Собранието Соња Мираковска, генералниот секретар на НСДП и заменик генерален секретар во Собранието Мики Милковски и претседателот на партијата и потпретседател на Собранието Горан Мисовски.

    Беше речено дека убаво е да се биде во Битола, градот на конзулите или како што се вели најградскиот град во Македонија и дека импозантна е глетката на исполнета сала, со многу луѓе, со добра мисла, да се претстави се она што е работено и идеите кои се реализираат.

    Трибината се одржува на годишнината од изборот на новото раководство на партијата во Битола и на денот кога му е роденден на Филип Ивановски, претседателот на битолската НСДП. Му го честитаа неговиот роденден и му се заблагодарија за она што тој и другите од Битола го прават за партијата.

    „Помина година и неколку месеци од Конгресот на партијата и слободно можам да кажам дека партијата е во полна кондиција, науморно работиме на силната организациона поставеност и постојано сме на терен помеѓу членовите, симпатизерите и граѓаните“ рече генералниот секретар Мики Милковски.

    Телата и органите на партијата функционираат со пол капацитет и рекоа дека носат политички одлуки значајни за граѓаните. Избрани се нови раководства во 25 општински организации и тој процес непрекинато течи.

    Пратеничката Мираковска зборуваше за законите кои во Собранието се носени, за она што било и нивна иницијатива преточено во законско решени, а директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор Ѓеоргиев зборуваше за чекорите кои се правеа за да се фатат во костец со сиромаштијата преку изградба на социјалните станови.

    Директорот на правната служба во РЕК Битола Крстев се осврна на енергетската криза и напорите што ги правеше компанијата за непречено снабдување со енергија и таа криза да не биде на товар на граѓаните.

    Пред присутните претседателот на партијата Мисловски зборуваше за политиките што ги води партијаа како коалиционен партнер, чекорите кои се преземаат во интерес на граѓаните, за законите кои се носат во Собранието.

    Мисовски кажа дека пред нив за двасетина дена е одржувањето на Конференција на организацијата на жени, го подготвуваат и Конгресот на младината, а во декември ќе го прослават полнолетството на партијата, 18-от роденден на НСДП.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img