More

    НСДП е изрично против спроведување на референдум со референдумското прашање кое го најавија Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    Сметаме дека доколку референдумот се спроведе ќе биде неуспешен и нема ништо значајно да промени, освен што ќе се потрошат милиони евра за организирање на истиот во време на енергетска криза.

    Референдумот и референдумското прашање може да ги охрабри радикалните сили во државата и дополнително да ги засили поделбите во општеството кои не се потребни во момент кога ги отворивме преговорите со Европската Унија и следи скринингот.

    НСДП е против идејата за спроведување на референдум за прашања за кои државата усвоила стратешки документи во 90тите години и целокупната државна политика и реформи во изминатите 31 година од независноста на државата се во насока на исполнување на критериумите за зачленување во ЕУ и НАТО.

    НСДП смета дека вистинската намера на опозицијата е референдумот да го искористи во политички цели за проверка на нивната поддршка, а не во насока на зајакнување на државната политика на прогрес и чекорење напред кон Европската Унија.

    Мицковски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат референдумот да го искористат како алатка, поточно анкета на државен трошок за да го проверат мислењето на народот за нивните, според НСДП, ретроградни политики и тоа не треба да го поддржат граѓаните и јавноста претставена преку медиумите и невладиниот сектор, но и партиите од владеачката коалиција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img