НСДП: 100 ДЕНА ВЛАДА НА ВМРО-ДПМНЕ, 100 ДЕНА БЕЗИДЕЈНОСТ, СКАНДАЛИ И ИЗОЛАЦИЈА НА ДРЖАВАТА

Saso
By Saso 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Се навршуваат 100 дена од изборот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ,
100 дена на безидејност, скандали и чекори за изолација на државата,
политики на застранување од стратешките државни приоритети.

За НСДП ова е очекувано, знаејќи дека ВМРО-ДПМНЕ најдобро функционира во
„заробена држава“ и на добар пат се да ја вратат државата на ниво како
што ја оставија во 2017 година.

За 100 дена нема отпочнато ниту една значајна реформа, ниту еден значаен
проект со кој може да се пофалат пред граѓаните и да ја оправдаат
големата поддршка која ја добија на изборите.

Граѓаните ги прелажаа со еден куп на лажни проекти, лажни реформи и
манипулации, а од сето тоа за 100 дена имаме едно големо ништо.
Европската Унија даде зелено светло за Албанија на 15 октомври да го
отвори првиот преговарачки кластер од пристапните преговори со
Европската унија, а Северна Македонија останува заглавена и изолирана во
популистичките политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

На граѓаните им ветија враќање на поранешното уставно име на државата и
репреговарање на договорот со Бугарија и преговарачката рамка со
Европската Унија, но од тоа нема ништо, се било една огромна изборна
лага. Кога седнаа во функционерските фотелји престана да им пречи
Северна Македонија, а за предлогот на премиерот Мицкоски за менување на
преговарачката рамка не добија поддршка од никој во Брисел.

Мицкоски ја задолжи државата со 500 милиони евра од Унгарија, иако
стратешките финансиски партнери на државата нуделе поповолни кредити,
ова само покажува дека се поочигледно следува процес на орбанизација во
нашата држава.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ многу лошо се справи со големиот број
на пожари кои ја зафатија државата, првпат после подолго време
просечната плата се намалува, економско-социјалниот дијалог не
функционира, растот на платите е застанат, граѓаните и претпријатијата
се оставени сами на себе да се справуваат со економската состојба, а од
надлежните секојдневно слушаме празни изговори и оправдувања, иако сега
имаат апсолутна власт, претседател на државата, парламентарно
мнозинство, влада и 2/3 од локалната самоуправа.

Стопирани се стратешки проекти за државата како коридорот 8 и остануваат
неискористени многу грантови од Европската Унија, катастрофата што му се
случува на главниот град Скопје ја снајде и државата владеана од Владата
на ВМРО-ДПМНЕ.

Неработата и безидејноста на Владата се обидуваат да ја покријат со
многу лаги и манипулации и со најави за дестабилизација на државата,
можни етнички конфликти, што секако не е ни блиску до реалноста. Време е
да се фатат за работа, затоа што државата се соочува со многу
предизвици!

- Advertisement -
Ad image

 

TAGGED:
Share This Article