Новозеландската полиција приведе жена во врска со вчерашниот напад со меч врз канцеларијата на премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, во Окланд, јави ДПА.
Полицијата соопшти дека е уапсена 57-годишна жена. „Уапсената соработува во истрагата, во овој момент не бараме друго лице”, изјави полицискиот портпарол.
При нападот бил скршен прозорец од канцеларијата на Ардерн, а во зградата бил издуван чад, јавуваат локалните медиуми.
Нема информации за повредени, бидејќи во моментот на инцидентот во канцеларијата немало луѓе.
Ардерн моментално е на Антарктикот на одбележување на 65-годишнината од создавањето на научната станица База Скот во Нов Зеланд (именувана по британскиот поларен истражувач Роберт Скот), како и за првата целосна сезона на антарктичко истражување и акција за зачувување на животната средина по двегодишен прекин поради Ковид.