Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 983 тестови, а регистрирани се 66 нови случаи на ковид-19: Скопје – 50, Битола и Охрид – по 5, Македонски Брод – 2, Прилеп, Кавадарци, Штип и Струмица – по 1.
„Од вкупниот број на позитивни (66), регистрирани се 13 реинфекции. Регистрирани сe 115 оздравени пациенти од: Скопје – 87, Охрид – 8, Битола – 7, Кавадарци, Тетово, Велес и Гостивар – по 2, Штип, Куманово, Кочани, Ресен и Свети Николе – по 1. Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица. Досега во земјата се направени вкупно 2.067.648 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.673, бројот на оздравени пациенти е 303.007, на починати е 9.316, а бројот на активни случаи изнесува 350“, наведено е во соопштението.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)