More

    Новото раководство на Клиниката за онкологија на чело со проф. д-р Игор Стојковски воведе двосменско работење во дневната болница

    spot_img

    Новото раководство на Клиниката за онкологија на чело со проф. д-р Игор Стојковски воведе двосменско работење во дневната болница.

    Целта е да се намали гужвата во дневната болница, која е идентификувана како еден од најсериозните проблеми, како и да се обезбеди соодветен третман на оваа ранлива група пациенти во институцијата која третира најголем број малигни заболувања и е единствена во терциерното здравство од овој тип.

    Пациентите до 20 часот во втора смена отсега ќе може да ја добијат оваа здравствена услуга во дневната болница.

    Министерот за здравство Арбен Таравари вчера најави дека работи на отворање онколошко одделение во ГОБ „8 Септември“, кое се очекува да профункционира за неколку недели, со цел да се растовари работата на Клиниката за онкологија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img