Новото лице на актерот Бредли Купер ги збуни сите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Не покажувајќи речиси ниту една брчка на лицето, ѕвездата од филмовите „И во добро и во зло“ и „Ѕвездата е родена“ со својот изглед предизвика дебати и шпекулации.

На доделувањето на САГ наградите во Лос Анџелес, Бредли Купер се појави во елегантно издание на „Гучи“ и со задоволство позираше пред фотографите.

Сепак, неговото испеглано лице, речиси без брчки, ги поттикна гласините и шпекулациите дека е користен ботокс.

На фотографиите кои кружат по социјалните мрежи, мошне е очигледно дека Купер има многу помалку брчки од пред неколку години, а се чини и дека обликот на главата му е сменет и лицето изгледало како да е „замрзнато“.

За порталот „Радар“, пластичниот хирург Дејвид Садат истакна дека Купер е познат по својата глума, но и по „извајаните контури на лицето, кои овде изгледаат многу помазно“. Тој истакна и дека можеби актерот „ги лекувал брчките со невротоксин“.

Share This Article