Машко новороденче синоќа било пронајдено во контејнер за жубре, во местото Запрешиќ кај Загреб. Бебето кое било завиткано во ќебе и фрлено во контејнер, е надвор од животна опасност, објави хрватски Индекс повикувајќи се на информации од загрепската полиција.
Новороденото е пренесено во болницата Свети Дух во Загреб и спасено е во последен момент.
Според неофицијалните информации што ги пренесуваат хрватските медиуми, бебето било облеано во крв и имало повреди на главата, а наводно било критична состојба. Оваа информација не е официјално потврдена, но од болницата утрово за Индекс потврдиле дека бебето е во добра состојба и дека нема видливи повреди.
На местото каде што е пронајдено бебето, наводно имало и 15-годишно дете кое побарало помош од минувачите, но полицијата ја демантираше оваа информација.
Полицијата сѐ уште го истражува случајот и продолжува со утврдување на околностите и идентитетот на мајката.