Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе прогласи 15.000 трансродови лица кои служат во војската на САД за неподобни, пишува британскиот весник „Тајмс“.
Магазинот тврди дека ова може да биде меѓу првите мерки на Трамп откако тој ќе стапне во Белата куќа на 20 јануари. Трансродовите лица би биле прогласени за неподобни од медицински причини, без разлика на постигнатиот успех во кариерата.
Исто така, се вели, на трансродовите лица ќе им биде забрането да се пријавуваат во војска.
За време на неговиот прв претседателски мандат Трамп се обиде да ги ограничи трансродовите лица да служат во војска, наведувајќи ги како причина „високите медицински трошоци“ и „потенцијалните дисциплински проблеми“.
Но, неговите иницијативи беа блокирани од судовите и Конгресот, тогаш под контрола на либералите.
Трамп исто така ја изрази својата намера да го елиминира финансирањето на училиштата кои учат теми како што се критичката теорија на расата, родовиот идентитет и она што тој го нарекува трансродово лудило.
Старо-новиот американски претседател се залага и за забрана на учество на трансродовите спортисти во женски спортови.