Новогодишно осветлено и украсено во чест на Горан Стефановски

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во чест на големиот македонски драмски автор и есеист, Горан Стефановски, по повод 70 години од неговото раѓање, скопско Дебар Маало вчера беше новогодишно осветлено и украсено.

На рачно изработените сувенири кои во празничниот период ќе го красат паркот во кој се наоѓа спомен-обележјето „Клупата на Горан Стефановски”, испишана е порака од неговиот последен есеј „Искрата што се измолкнува”, објавен во книгата „Идентитетот е приказна”, и тоа на македонски и во превод на сите јазици на Европската Унија.

Преводите се обезбедени во соработка и со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ).

На настанот присуствуваа поголем број почитувачи на Стефановски.

– Ги украсивме елките околу клупата на која седи Горан за да не’ осветли неговата “искра што се измолкнува”. Скопје беше центар на Европа! Барем за оние кои вчера бевме во Дебар Маало – истакна на настанот Иван Антоновски познавач и почитувач на делото на Горан Стефановски.

Настанот е во организација на Делегацијата на Европската Унија и „Јуроп хаус”.

Share This Article