НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА ОПФАЌА 700 ПРОИЗВОДИ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Новогодишната потрошувачка кошничка со намалени цени се проширува со нови прехранбени производи. На само една недела од применување на кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ новогодишната потрошувачка кошничка со намалени цени од најмалку 10 проценти се проширува и опфаќа над 700 прехранбени производи, соопшти Владата.

„Владата носи мерки со кои граѓаните конечно го добиваат она кое го заслужуваат, пристојни услови за живот и вистинска грижа за нивните реални потреби. Согласно Законот за заштита на потрошувачите треба да биде земена најниската цена од претходниот месец, значи од 15 ноември до 15 декември и на таа цена да има најмалку 10 проценти намалување на производите“, се наведува во соопштението.

Во новогодишната потрошувачка кошничка листа спаѓаат леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и друго.

Секој производ на рафтовите во маркетите ќе биде соодветно означен, а листата ќе има можност да се проширува и во следниот период.

Мерката ќе важи еден месец односно од 15 декември 2024 година до 15 јануари 2025 година.

Ја поздравуваме одлуката на компаниите кои се приклучуваат кон кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе – Се грижиме“ и покажуваат општествена одговорност и ги повикуваме и останатите да се приклучат. Владата е директно насочена кон подобрување на економската состојба на илјадници семејства и животниот стандард“, потенцираат од Владата.

„Како Влада се обврзавме да ја промениме лошата реалност и го правиме токму тоа. Работиме посветено за граѓаните и носиме мерки кои се во интерес на народот, а имаат за цел обезбедување на подобар и поквалитетен живот. Ова е трета примена на кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе- Се грижиме“, и истата ќе продолжи и во иднина. Ја враќаме надежта и градиме иднина за сите“, се наведуваат од владиното соопштение.

Share This Article