More

    Ново сведочење на осомничениот Дејан за убиството на Данка

    spot_img

    Српски Курир  пишува дека еден од двајцата осомничени за убиството на малата Данка во Србија, Дејан Драгијевиќ во обвинителството сега демантирал дека го убил девојчето во Бањско Поље! Според изворот на Курир, Драгијевиќ по изнесувањето на личните податоци, име, презиме, место на живеење и други, рекол дека „тој не ја убил Данка Илиќ“.

    – Сега демантира сè. Кажа дека не го ни видел детето кобниот ден на патот во Бањско Поле. Рече дека не ја качил во кола и дека не ја давел, како и дека не го фрлил нејзиното тело на депонија. Практично, сега ја раскажува истата приказна како и неговиот колега, осомничениот Срѓан Јанковиќ, кој исто така во мај во обвинителството го негираше делото – вели за српски Курир извор запознаен со случајот.

    Дејан Драгијевиќ нешто пред 10 часот беше донесен од притвор во Вишото јавно обвинителство во Зајечар откако самиот побарал обвинителот повторно да го сослуша.

    – На првото рочиште по апсењето, тој го призна делото и детално го опиша! Само тој знае што се сменило сега – објаснува неименуваниот извор.

    Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор, а полицијата по десетдневна потрага и детални проверки на сите индиции и информации ги уапси С.Ј и Д.Д од Бор, кои се осомничени дека го удриле девојчето со автомобил, а потоа телото го ставиле во багажникот на автомобилот и го однеле на депонија.

    Телото на девојчето сè уште не е пронајдено.

    Радослав Драгијевиќ, таткото на осомничениот Дејан за Мондо изјавил дека не знае кога неговиот син ќе излезе од затвор. Тој накратко го коментираше новото сведочење на синот во кое тој тврди дека нема врска со убиството.

    – Не слушнав за тоа, но не се посомневав во него. Мислам дека поранешниот директор им наместил сè – потиштено раскажува Драгијевиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img