Ново масовно убиство во Северна Каролина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Пет лица се пронајдени мртви во дом во округот Сампсон во американската сојузна држава Северна Каролина, откако полицијата добила повик нешто по полноќ.

Шерифот на округот Сампсон, рече дека полицијата добила итен повик од некој што го познава сопственикот на куќата. Тој што се јавувал им рекол на инспекторите дека четворица мажи и една жена биле мртви во домот.

Кога пристигнала полицијата, нашле тела на луѓе на возраст од 30 до 80 години. Сите биле пронајдени во различни простории од куќата.

Инспекторите рекоа дека наводите потврдуваат дека жртвите биле целно застрелани, но не дадоа други детали за тоа што ги поврзува жртвите или што довело до пукањето.

Засега не се знае кој е убиен, и дали е во тек потрагата по напаѓачот или се работи за изолиран инцидент.

Бројни полициски екипи се на терен и вршат увид.

Ова е втор масовно убиство во САД во рок од три дена. Полицијата во сојузната држава Мејн сѐ уште трага по масовниот убиец кој во средата на 25 октомври уби најмалку 18 лица и рани од 50 до 60 лица во масовното пукање што се случи во градот Левистон.

Share This Article