Ново истражување: Дивеењето на цените во Германија не запира
Цените во Германија ќе продолжат да растат во наредните месеци во речиси сите сегменти на економијата, покажа во средата студијата на Институтот Ifo, посочувајќи ја малопродажбата на храна меѓу жариштата на инфлацијата.
Според истражувањето спроведено од институтот, сите компании кои продаваат храна сакаат да ги зголемат цените на сите производи.
Економистите во Ифо исто така велат дека цените на гасот и струјата и угостителските услуги ќе продолжат да растат.
„За жал, бранот на инфлација најверојатно нема да стивне“, рече во средата шефот на економијата на Ifo, Тимо Волмершаузер.
Сите продавници за храна и повеќе од 92 отсто од аптеките планираат да ги зголемат цените, покажаа резултатите од најновото истражување. Кај продавачите на цвеќиња и растенија, речиси 90 отсто планираат да ги зголемат цените.
Повисоки цени најавуваат и приближно 80 отсто од продавниците за велосипеди и канцелариски материјали, како и 87 отсто од рестораните и речиси две третини од хотелите.
Слична е ситуацијата во некои гранки на индустријата, како облека или електронски производи, покажуваат податоците од истражувањето на институтот со седиште во Минхен.