35-годишниот Мустафа Саригул е спасен од урнатините по разорните земјотреси во Хатај на југот на Турција, дури 149 часа по првиот земјотрес.
Саригул беше извлечен од под урнатините на зграда во Антакија, провинцијата Хатај, по петчасовна спасувачка операција, која започна откако спасувачите стапија во контакт со преживеаниот.
Спасувачките тимови се тркаат со текот на времето за да продолжат со потрагата и спасувањето во регионите погодени од земјотресот.
Бројот на загинатите во земјотресите на југот на Турција се зголеми на 24.617, изјави потпретседателот на земјата, Фуат Октај.