Новите власти во Сирија денеска соопштија дека ќе ги „замрзнат Уставот и Парламентот“ за време на тримесечен преоден период, по соборувањето на долгогодишниот лидер Башар ал Асад

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Новите власти во Сирија денеска соопштија дека ќе ги „замрзнат Уставот и Парламентот“ за време на тримесечен преоден период, по соборувањето на долгогодишниот лидер Башар ал Асад.

Портпаролот за политички прашања на новата сириска влада, Обаида Арнаут, изјави за АФП дека ќе биде формиран комитет за правда и човекови права кој ќе го проучува Уставот и ќе направи промени, пренесе Бета.

Сегашниот устав на Сирија е од 2012 година и во него не се наведува експлицитно дека исламот е државна религија.

Бунтовниците предводени од радикалните исламисти, кои ја презедоа власта во Сирија во неделата, го назначија Мохамед ал Башир за шеф на преодната влада, кој ќе биде на функција до 1 март 2025 година. Досега Башир ја предводеше „владата на спасот“ во упориштето на бунтовниците Идлиб, во северозападна Сирија.

Портпаролот Арнаут изјави дека во вторникот се одржала средба меѓу членовите на „владата на спасот“ и поранешните министри на владата на Асад, во врска со трансферот на власта.

– Наш приоритет е да ги спасиме институциите и да ги заштитиме – рече Арнаут.

По 11-дневната офанзива, коалицијата на бунтовнички групи, предводени од радикалните исламисти од групата Хајат Тахрир ал-Шам, во неделата го соборија Асад, кој побегна во Русија со своето семејство.

Арнаут рече дека новите власти сакаат да воспостават „правна држава“ по повеќе од половина век владеење на семејството Асад, обележано со репресија.

Тој додаде дека „на сите оние кои извршиле злосторства против сирискиот народ ќе им се суди во согласност со законите“.

- Advertisement -
Ad image

На прашање за верските и личните слободи, тој рече дека новите власти „ја почитуваат верската и културната различност во Сирија, која ќе остане таква каква што е“.

Share This Article