Новите изводи од матично ќе имаат графа за етничка припадност

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот за правда Кренар Лога го потпиша Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матични книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, каде ќе стои графа за етничка припадност.

Како што соопштија денеска од Министерството за правда, ова Упатство ќе стапи на сила по истекот на осум дена од објавувањето во Службен весник за изводите на родените додека за другите изводи поради финансиски импликации, Упатството ќе започне да се применува од 1 јануари 2024 година

Share This Article