Новите инвестиции и батериските системи ќе помогнат тоа да се случи

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Владата ќе ја направи Македонија енергетски независна од увоз на електрична енергија, изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со инвестициите во енергетиката и за тоа дали земјава може да стане енергетски независна.

– Апсолутно да. Ако се сеќавате добро, ние мандатот го започнавме со една таква инвестиција, инвестицијата на компанијата „Алказар“, каде што очекувам отприлика производство од обновлива енергија од еден терават-час. Eден терават-час е отприлика колку што е 25% од вкупното производство коешто го имаме како држава. И со овој еден терават-час, ќе дојдеме до чекор до независност. Во периодот којшто следи со носење на новиот Закон за енергетика каде што ќе бидат предвидени и батериски системи и слично, мислам дека во следната 2025, почетокот на 2026 година можеме да зборуваме за портфолио на државата, увоз-извоз, нула. Што значи ќе ја направиме Македонија енергетски независна од делот увоз на електрична енергија – изјави Мицкоски.

Share This Article