Телевизиските камери ја снимија борбата на американскиот претседател Џо Бајден со палтото и очила при излегувањето од хеликоптерот.
Американскиот лидер не успеа сам да се справи со оваа ситуација, туку имаше помош од првата дама.
По неколку неуспешни обиди да ја облече јакната, сопругата Џил му помогна, но само неколку моменти подоцна се случила уште една несреќа, му испаднаа очилата за сонце.
Бајден брзо се наведна и ги подигна од пистата и продолжи понатаму.
Ова е прво службено патување на Бајден по неодамнешниот коронавирус. Претседателот на САД е во Кентаки.