Новиот сопственик на Челзи, Тод Боели побарал од поранешниот тренер на лондонскиот клуб Томас Тухел да игра со 12 играчи, пренесува британски Атлетик.
Челзи го отпушти Тухел пред седум дена по поразот од Динамо Загреб во првото коло од Лигата на шампионите, а британските медиуми пишуваат дека новите сопственици на Челзи на чело со Боли биле незадоволни од работата на Тухел и барале само причина да го отпуштат.
Така Атлетик ја пренесува приказната дека Боли при претставувањето на својот нов проект му предложил на Тухел, меѓу другото, стилот на игра и формацијата по која треба да биде препознатлив лондонскиот клуб. Британските медиуми пренесуваат дека Боли побарал од Челзи да игра во формација 4-4-3, што е 11 играчи во поле, а вкупно 12 на терен.
Се нагласува дека тоа не е грешка, бидејќи беше очигледно дека новите сопственици на лондонскиот клуб не се запознаени со фудбалот, бидејќи се Американци. Во таа прилика, Боли и неговите колеги изгубија секаква привидност на авторитет пред Тухел. Извори блиски до клубот ја демантираа оваа информација, но се огласи поранешниот англиски репрезентативец Рио Фердинанд.
„Приказната за формацијата 4-4-3 е вистинита. Сопствениците на Челзи сакаа премногу да се мешаат во работата на тренерот, а се знаеше дека Тухел нема да се залага за тоа. Можеше да се очекува оставка на Тухел“, изјави Фердинанд.
Од Атлетик пренесуваат и дека отказот бил планиран од претходно, бидејќи при доведувањето на Марко Кукурела кај Шпанецот прашале за сегашниот тренер Греам Потер кој го тренираше во Брајтон.