Новиот претседател на Судскиот совет, Сашко Георгиев, на денешната прва седница со која раководи побара камерите да се исклучат, а дозволи новинарите да останат да ја следат седницата.
Георгиев рече дека одлуката била донесена едногласно на колегиум одржан за време на кратката пауза.
– Јавноста е присутна, но камерите ве молам ќе мора да нѐ оставите да работиме – рече Георгиев.
Експретседателката Весна Дамева реагираше дека таа не била повикана на колегиумот.
– Извинете претседателе јас не знаев дека има колегиум. Јас не бев повикана на колегиум, морам да реагирам. Меѓутоа, ако тоа е ваша едногласна одлука, во ред – рече Дамева.
Извор: МИА