More

    Новиот премиер на Франција е уметник за компромиси

    spot_img

    Франсоа Бајру, ветеран центрист и сојузник на претседателот Емануел Макрон, е назначен за француски премиер откако минатонеделното историско гласање за недоверба стави крај на опколената и краткотрајна малцинска коалиција на десничарскиот Мишел Барние.

    Бајру, на возраст од 73-години, е водач на центристичката партија „Модем“ (MoDem) и е искусен политичар од југозападна Франција, кој себеси се нарекува „човек од село“. Поранешен министер за образование и градоначалник на југозападниот град Пау, тој беше сојузник и човек од блиска доверба на Емануел Макрон откако дојде на власт во 2017 година, објави Гардијан.

    Бајру е четвртиот француски премиер оваа година бидејќи Франција се бори со растечката политичка криза во поделениот парламент. Владата на Барние беше соборена минатата недела, по само три месеци на функцијата, а Макрон сака да го избегне сценариото во кое новата влада се соочува со истата судбина.

    Откако Макрон распиша неубедливи предвремени избори во јуни, францускиот парламент беше поделен на три групи без апсолутно мнозинство. Левиот сојуз освои најголем број гласови, но не успеа да постигне апсолутно мнозинство; центристичката групација на Макрон претрпе загуби, но сè уште стои на нозе; а екстремно десничарскиот Национален собир доби места, но беше задржан од можноста да дојде на власт со тактичко гласање од левата политичка фракција и од центарот.

    Тие поделби остануваат, а првата задача на новиот премиер е да назначи влада која ќе може да работи со парламентот за да го донесе целосниот буџет за 2025 година.

    „Тој е искусен политичар кој ја разбира уметноста на компромисот“

    Центристичкиот пратеник од партијата на Макрон, Томас Казнев, го опиша Бајру како искусен политичар кој ја познава „уметноста на компромисот“.

    – Во таков тежок момент за Франција, знам дека тој има квалитети да го брани националниот интерес и да ја изгради клучната стабилност што ја сакаат Французите – рече за Бајру поранешниот премиер кој моментално ја предводи партијата на Макрон во парламентот, Габриел Атал.

    Претседателот на екстремно десничарската и антиимиграциска партија Национален собир на Марин Ле Пен, Џордан Бардела, рече дека неговата партија нема веднаш да го поддржи гласањето недоверба во новата влада.

    – Овој нов премиер мора да разбере дека нема мнозинство во парламентот – рече тој.

    Бардела рече дека неговата партија сè уште има „црвени линии“ за буџетот и дека новиот премиер мора да разговара со сите политички групи.

    – Топката е на теренот на Франсоа Бајру – рече тој.

    Бајру не му е симпатичен на Саркози

    Политичкиот ветеран Бајру добива отпор и од левицата која вели дека тој ќе ја продолжи политиката на Макрон, а и од десницата бидејќи лично не му се допаѓа на влијателниот поранешен претседател, Никола Саркози, против кого се кандидираше на претседателската трка во 2007 година.

    Политичарите од левицата претходно го критикуваа изборот на Бајру, велејќи дека неговото назначување би значело „континуитет“ за Макрон и дека францускиот претседател не го почитувал резултатот од предвремените избори во кои левиот сојуз освои најголем број гласови, дури и ако не добие мнозинство.

    Манон Обри, од левичарската Непокорена Франција (La France Insoumise – LFI) на Жан-Лук Меланшон, го кажа ставот на нејзината партија за Бајру.

    – Тој е самото олицетворение на макронизмот. Како тоа секогаш кога Емануел Макрон ќе ги загуби изборите, тој сака, по секоја цена, да ги наметне бојата и континуитетот на сопствената политика? Тоа не оди така – изјави таа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img