Според пишувањата на шпанските медиуми, Шакира годинава ја завршила со нов партнер во животот.
Најновата љубовна приказна на колумбиската пејачка ја открил новинарот Хавиер Кериани, а станува збор за познатата аргентинска личност во светот на музиката Рафаел Аркауте.
Според зборовите на неговите соработници, Аркауте е пристоен човек и писател којшто е целосно поразличен од Пике и мажите со кои во последно време Шакира била забележувана во јавноста.
Новиот партнер на Шакира има 44 години и е многу познат музички продуцент во Јужна Америка, а поради тоа освоил дури 18 латински Греми награди, додека пак зад себе има и соработка со бројни познати изведувачи.
Како што истакнува новинарот Кериани, Шакира е многу возбудена поради новата прилика во љубовта, а тврди дека таа и Аркауте веќе одредено време се заедно. Исто така тој тврди дека парот поминува многу време заедно и дека често одат на вечери, а дека најмногу новиот партнер ја освојува Шакира со својот хумор и со тоа што се посветува на деталите.