Background

Новиот извештај на организацијата Оксфам открива дека Африка се соочува со двојна криза на нееднаквост

Новиот извештај на организацијата Оксфам открива дека Африка се соочува со двојна криза на нееднаквост. Не само што континентот и неговите земји се меѓу најнееднаквите во светот, туку неговите влади во просек се меѓу најмалку посветените на намалување на нееднаквоста.

Четворицата најбогати луѓе во Африка поседуваат повеќе богатство од половина од 750-те милиони жители на континентот.

Вкупната вредност на нивниот имот се проценува на 57,4 милијарди американски долари, што е околу 49 милијарди евра. Нивното вкупно богатство порасна за 56% во последните пет години.

- Advertisement -
Ad image

Според листата на Форбс, нигериецот Алико Данготе, најбогатиот човек во Африка, кој го стекнал своето богатство преку индустриите за цемент, храна и ѓубрива. Неговата компанија Dangote Group работи во неколку земји од подсахарска Африка, а неговото лично богатство е околу 23 милијарди долари.Тој е 86-тиот најбогат човек во светот за 2023 година, а неговото богатство сочинува 25% од вкупното богатство на африканските милијардери.

Меѓу најбогатите се и Јохан Руперт и Ники Опенхајмер од Република Јужна Африка, како и Насиф Савирис од Египет.

Руперт е претседател на швајцарскиот луксузен холдинг за луксузни стоки, Compagnie Financiere Richemont, ја започна својата кариера како банкар во Њујорк, пред да се врати во Јужна Африка и на крајот да се сврти кон малопродажбата.

Ники Опенхајмер го стекна своето богатство во рударската индустрија, сектор кој придонесува со речиси 10% од БДП на подсахарска Африка. Тој  потекнува од семејство познато по бизнисот со дијаманти De Beers.

Во меѓувреме, Нагиб Савирис (8-ми) и Стрив Масијива (12-ти) изградија телекомуникациски империи.

Савирис е добро познат инвеститор и сопственик на акции во американски спортски тимови и фабрики за ѓубрива. Поседува телекомуникациска империја.

Според Оксфам просечниот приход на најбогатите 1% во Африка се зголемил 5 пати побрзо од оној на најсиромашните 50%. Африканските милионери, кои сочинуваат 0,02% од населението, поседуваат речиси една петтина од богатството на континентот, додека најсиромашните 50% поседуваат помалку од 1%.

Оксфам предупредува дека оваа концентрација на богатство го загрозува демократскиот развој на Африка. Речиси половина од 50-те земји со највисока економска нееднаквост во светот се наоѓаат во Африка.

Владите на тие земји, според извештајот, не успеваат ефикасно да ги оданочат богатите, занемарувајќи ги потребите на сиромашното население, што ја отежнува борбата против сиромаштијата.

Затоа Оксфам повикува на пофер распределба на богатството преку политички мерки што би обезбедиле подобри даночни системи и поголеми инвестиции во јавните услуги.

Растечката концентрација на богатство во рацете на неколкумина претставува сериозна закана не само за социјалната правда, туку и за демократските процеси на африканскиот континент.

Оксфам е британска конфедерација од 21 независна невладина организација (НВО), која се фокусира на ублажување на глобалната сиромаштија. Основана е  во 1942 година и е предводена од Оксфам Интернешнл.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation