Американската конгресменка Марџори Тејлор-Грин бурно реагираше на последниот гаф на американскиот претседател Џозеф Бајден, откако тој се обиде да се ракува со „воздухот“.
Тоа се случи по говорот на претседателот на Земјоделската академија во Северна Каролина.
– Нашиот претседател се обиде да се ракува со буквално никого. Неверојатно срамно! Тој владее со нашата земја. Мислам дека тоа е доволно! – напиша на Твитер републиканската конгресменка Марџори Тејлор-Грин.
Премотајте го видеото на 0:33 секунди и ќе го видите најновиот гаф на американскиот претседател.