Новиот дечко на Јована Јеремиќ ѝ купил чанта од 2.500 евра која само таа ја има во Србија, а еве што уште сака водителката

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Водителката на Утринската програма на српската ТВ „Пинк“ Јована Јеремиќ има ново момче, богат претприемач Драган Станковиќ, кој не престанува да ја опсипува со љубов и подароци.

Имено, Јована за Нова година од него добила златна чанта со потпис на „Долче и Габана“ која чини 2.500 евра, а во Србија не постои друга личност која освен неа го поседува тој модел на чанта.

– Драган ми ја подари. Инаку, јас никогаш во животот не би дала толку пари за чанта. Тоа тој го купува. Самиот дојде, рече дека тоа ми е подарок за Нова година. Една единствена во Србија беше златната „Долче Габана“. Човекот се скрши додека да ми ја најде. Тоа ми го подари за Нова година, јас нешто си мислам во себе, до Нова година ќе има уште десет чанти – изјавила Јована за „Блиц“.

– Мора да си многу добар човек. Сè ми допаѓа кај него. Ги сакам неговите усни, го сакам неговиот поглед, ги сакам очите, челото, стапалата, прстите, грбот, сето тоа го бакнувам, сето тоа го сакам. Да сакав да нацртам човек како Драган, немаше да успеам – истакна водителката.

Јована открила и како ја замислува својата иднина.

– Никогаш нема да се омажам за момче кое не може да ми понуди повеќе отколку што јас имам. Апсолутно желбите ми се – посакувам да имам голема куќа на Дедиње со базен, за да можам да имам сè во таа куќа, вклучително и своја сауна, своја теретана и своја спа бања. Мора да имам држава во држава, град во својата куќа. Јас не сакам да излегувам од куќата, сакам сè да има таму. Сакам во тој период од мојот живот што следи, максимално да се посветам на работата на телевизија – истакнала Јеремиќ.

Share This Article