Новинарката Лорен Санчез го даде своето прво самостојно интервју откако во 2019 година јавно објави дека е во врска со еден од најбогатите луѓе во светот, Џеф Безос.
Санчез во интервјуто за магазинот „ВСЈ“ (WSJ), зборувала за нивната врска и за нејзиниот приватен живот.
„Сакаме да бидеме заедно и сакаме да работиме заедно. Тој ми помага околу мојата книга. Џеф работи на добивање лиценца за пилот. Заедно летаме. Заедно вежбаме. Цело време сме заедно“, открива Санчез, која е исто така многу вешт пилот и кој силно држи до својата кариера.
Санчез неодамна покренала своја продукциска компанија, „Adventure & Fellowship“, која работела за компаниите на Безос „Bezos Academy“, „Bezos Earth Fund“ и „Blue Origin“, авионската компанија на Џеф. Безос, како што тврди, со неа тесно соработувал на сѐ.
„Да се живее со Џеф е како секој ден да присуствувам на мастер клас, а она за што тој навистина многу ме научи е менаџментот. Кој беше најдобриот совет што ми го даде? Одржувам многу состаноци и секогаш на состаноците прва зборувам, а тој ми рече дека јас сум шефица и дека секогаш треба да ги оставам другите да го кажат своето и дека јас треба зборувам последна, за никој да не биде под влијание на моето мислење“, рекла Лорен и потоа продолжила.
„Исто така, ме советуваше состаноците да ми траат помалку од еден час ако е можно, како и дека лицето кое го води состанокот треба да напише документ од шест или помалку страници за тоа што ќе се разговара и зошто. Не знам како му успева тоа, документи може да чита со часови“, рекла Лорен.
Меѓутоа, открила и некои работи за Безос кои досега не биле познати, рекла дека тој има и друга страна за која ниту таа не знаела.
„Тој е многу духовита личност, постојано ме смее и навистина знае да биде забавен“, рекла Санчез и истакнала дека има многу заразно смеење. „Кога првпат го слушнав како се смее, си помислив: ‘Што е ова?’ Но, сега ја сакам неговата смеа и ако се разделиме и се изгубиме на некоја голема забава, лесно можам да го пронајдам токму со помош на смеењето“, открила таа.
Како што тврди таа, Џеф е и многу романтичен и секоја недела ѝ прави палачинки.
„Тој рано се буди, а потоа го зема својот книга за готвење и прави палачинки. Само не ми е јасно како толку паметен човек сè уште не научил напамет како да направи палачинки, туку секој пат го гледа рецептот“, вели Санчез.
Безос минатата година привлече големо внимание со изјавата дека поголем дел од своето богатство, кое изнесува 124 милијарди долари, ќе донира. Санчез сега го потврди тоа.
Џеф е голем филантроп и ќе даде поголем дел од своите пари“, потврдила таа, а потоа открила дека врската со него има и свои маани. Морала, како што вели, да научи никому да не ја открива точната локација и многу да внимава што објавува на социјалните мрежи.
„Тешко ми е да внимавам на тоа, јас сум многу зборлива и отворена личност и сакам да ги споделувам моите тајни. Морав да се потрудам и да научам дека не смеам да го правам тоа. Тоа ми беше добра лекција. Порано им зборував на луѓето сѐ и сешто, но сега морам да внимавам на приватноста и да контролирам некои работи“, рече таа.
Сепак, вели дека живеењето со Безос има повеќе предности отколку недостатоци.
„Нашата типична сабота изгледа така што се дружиме со децата, ручаме и секогаш ни е забавно, бидејќи никогаш не знаеме каде ќе нѐ однесе разговорот“, заклучила Лорен.