Синдикатот на новинари и медиумски работници на Србија (СИНОС) ја повика Владата итно да достави до Народното собрание предлог со кој на новинарите и на медиумските работници ќе им се даде статус на службени лица, јави Бета.
Во соопштението СИНОС потенцираше дека само така новинарите и медиумските работници ќе бидат заштитени од секојдневни вербални, медиумски и физички напади.
СИНОС потсетува дека оваа иницијатива ја покрена уште во 2021 година. Од СИНОС посочуваат дека донесувањето законски прописи со кои јавните говорници би се определиле како функционери нема да влијае на нивната новинарска слобода, туку ќе бара поголема одговорност во нивната професионална работа.
„Пред евентуалното донесување на законски прописи кои нападот врз наши колеги би го изедначиле со напад врз државата, неопходно е да се измени Законот за информации од јавен карактер и медиуми и да се дефинира концептот на новинари и на медиумски работници. Доколку медиумската заедница навистина сака да ги заштити јавните говорници, има можност сега да го стори тоа бидејќи во тек е измената на Законот за информации од јавен карактер и медиуми“, се наведува во соопштението на СИНОС.